Награди и признанија
Значајни интернационални признанија
- 1964 - награда од Фондацијата "Моша Пијаде"
- 1965/66 - негова прва средба со светската јавност кога излага на петтата интернационална изложба на современата уметност во Њу Делхи заедно со Пикасо, Шагал, Миро, Руо, Брак, Леже, Поликов и други. Добитник е на третата награда
- 1979 - станува член на ИАА АИАП УНЕСЦО
- 1985/86 - добитник е на диплома во селективната нтернационална изложба на современа уметност во Париз по покана на нтернационалниот центар за современа уметност - Париз.
- 1989 - доделена му е Благодарница од Амбасадата на Советскиот Сојуз во Белград
- 1992 - издавачката куќа "Монд" од Париз го претставува во едицијата "Мајстори и уметници од светот на 20 век" и печати поштенски картички со две негови дела
- 1993 - издавачката куќа "Монд" од Париз го претставува во "Златната книга на колекционери и љубители на уметноста" со делото "Птичји ритуал"
- 1994/95 - застапен е во едицијата "Who is Who" во меѓународната уметност од Лозана - Швајцарија, со делото "Визија во простор - Мајка"
- 1996/97 - од оваа едиција е избран меѓу најзначајните светски уметници чие дело ќе биде печатено во специјални авторски изданија на поштенски марки (со делото "Во закрила") кои се депонираат во поштенските музеи.
- 1997 - доделена му е благодарница од Амбасадата на Р. Македонија во Париз
- 1997 - излага во прочуениот "Салон на независните" во Париз
- 1998 - овенчан е со престижниот "Златен орден" за француска заслуга и посветеност во име на уметноста и културата, доделен од Академијата за ликовна уметност и култура за централна Европа во Париз, при чие објавување заменик градоначалникот на Париз, г-дин Лисјен Финел, изјави: "Франсоа Први го откри Леонардо да Винчи во 15 век, а сега, во пресрет на 21 век, ние го откривме Јанчевски". Истата година е прогласен за член на "Академијата на ликовна уметност и култура за Централна Европа"
- 1999 - станува член на Интернационалната академија "Греци Марино" во Вербано - Италија добива сребрен медал од Интернационалниот биографски центар од Кембриџ – Англија за достигнувања во уметноста и дизајнот на 20 век – "Уметници и дизајнери на 20 век".
- 2001 - Интернационалниот Бографски центар во кембриџ- Англија без услови и котизации го застапи Јанчевски во изданието "Исклучителни уметници и цртачи на 20 век"
- 2002 - Американскиот биографски институт, кој го објави својот избор на големи умови на 21-от век во кој се вклучени 1.000 личности од светот, меѓу кои Алберт Ајнштајн, Марк Твен, Мартин Лутер Кинг, помладиот Далај Лама, Џон Кенеди, Маргарет Тачер, му понуди да биде вклучен меѓу 1.000 најуспешни. Истиот институт го одбира како дел од "Милениумска временска капсула" за зачувување на информации за идните времиња
- 2003 - ИБЦ - Кембриџ, Англија - го одбира меѓу 500-те интелектуалци за креативен придонес за светот, наречени "Живи легенди"
- 2005 - ИБЦ - Кембриџ, Англија - го одбира меѓу "Топ 100 уметници" во доменот на сликарството
- 2007 - доделена му е престижната награда "Златен медал" од Американскиот биографски институт за Р. Македонија и за македонскиот народ. Оваа награда е дотолку позначајна што Американскиот биографски институт е светски лидер во истражувањата на "возвишени индивидуи" од целиот свет кои што со својот труд придонесуваат за социјално, научно, економско или политичко подобрување на своето општество
Видео
Контакт
e-mail: svetlanajancevska@yahoo.com